Претседателот Франк-Валтер Штајнмаер во попладневните часови на канцеларката Ангела Меркел и на другите членови на владата ќе им го врачи документот за оставка од функциите, бидејќи нивните мандати истекуваат со денешната конститутивна седница на новиот Бундестаг. На барање на претседателот, тие ќе можат да продолжат да дејствуваат привремено до формирање нова влада.

Во Германија денеска ќе се одржи конститутивната седница на новиот состав на Бундестагот. Седницата се одржува во последниот можен рок, со оглед на германскиот Устав според кој првата седница на парламентот мора да се одржи најдоцна 30 дена по изборите.
Се очекува на денешната седница да се избере новото раководство на законодавното тело и да се договори деловникот за работа.. Социјалдемократската партија (СПД), како победник на изборите, го номинираше Бербел Бас за претседател на Бундестагот.
Пред почетокот на конститутивната седница, во соборниот храм „Св. Марија “ во Берлин, се одржа екуменска служба за новоизбраните пратеници и претставниците на другите уставни тела на Германија.
Претседателот Франк-Валтер Штајнмаер во попладневните часови на канцеларката Ангела Меркел и на другите членови на владата ќе им го врачи документот за оставка од функциите, бидејќи нивните мандати истекуваат со денешната конститутивна седница на новиот Бундестаг. На барање на претседателот, тие ќе можат да продолжат да дејствуваат привремено до формирање на нова влада.
Бројот на пратеници во германскиот парламент сега е 736, што го сместува Бундестагот меѓу првите најмногубројни демократски избрани парламенти во светот. Ова предизвика Синдикатот на даночните обврзници синоќа да одржи протестна акција против проширувањето на собранискиот состав. Тие побараа законска реформа со која бројот на пратеници ќе се намали на 500, за Бундестагот да биде поефикасен, економичен и предвидлив.
„Гласачот мора да биде во срцето на законот како суверен, а не партискиот егоизам“, и
зјави Рајнер Холзнагел, претседател на Сојузот на даночните обврзници.
Според него, законската регулатива во сегашната форма е дополнително финансиско оптоварување за демократијата, а проширувањето на собранискиот состав од 598 на 736 пратеници ќе ги чини граѓаните дополнителни трошоци од 410 милиони евра.
