Германија планира да вакцинира против ковид околу 20 отсто од населението до почеткот на мај. Како што рече, германскиот министер за здравство, Јенс Спан, на земјата и биле потребни три месеци за вакцината да ја примат 10 отсто од населението.
„Следните 10 отсто од граѓаните кои може да ја примат вакцината против ковид ќе ги вакцинираме до крајот на месец април или почетокот на мај“,
рече Спан.
Германија во последниот период забележува зголемување на борјот на ковид-случаи. Во последното деноноќие регистрираше 4 575 нови случаи и 37 починати. Од почетокот на пандемијата, во Германија се регистрирани над 2,9 милиони случаи на ковид, а битката со вирусот ја изгубија 77 594 лица.
