Франција и Шпанија ќе примат 2 500 Авганистанци, додека 2 000 ќе одат во Шведска
Германија вети дека ќе прими 25 000 Авганистанци кои се сметаат за најранливи по преземањето на Кабул од страна на талибанците.
Еврокомесарката за внатрешни работи, Илва Јохансон ги повика земјите-членки на ЕУ да ги исполнат ветувањата за преземање бегалци до 2022 година.
„Ранливите луѓе и ранливите бегалци чекаат да бидат преместени за да можат да започнат нов живот во безбедност и достоинство“,
рече таа.
Покрај тоа што Германија ќе преземе 25 000 бегалци, Холандија се обврзува да прими повеќе од 3 100, чии животи во моментов се најзагрозени. Франција и Шпанија ќе примат 2 500 Авганистанци, додека 2 000 ќе одат во Шведска.
Германија во 2015 година прими рекорден број бегалци, речиси 900 000, а повеќето од нив дојдоа од Сирија, Авганистан и Ирак.