Германскиот канцелар нагласил дека државничката одлука што треба да се донесе во следниот период е единствена шанса да се осигури квалитетот на животот на македонските граѓани според европските стандарди, а во спротивно, како што додал, македонските граѓани и државата ќе се соочат со изолација на долг рок
Германија ја очекува Северна Македонија во Европската Унија (ЕУ), а европскиот пат е единствената алтернатива за земјата. Ова на премиерот Димитар Ковачевски му го порачал германскиот канцелар Олаф Шолц во рамки на настанот за одбележување на 50-годишнината од членството на Германија во Обединетите нации (ОН) во Њујорк.

Германскиот канцелар нагласил дека државничката одлука што треба да се донесе во следниот период е единствена шанса да се осигура квалитетот на животот на македонските граѓани според европските стандарди, а во спротивно, како што додал, македонските граѓани и државата ќе се соочат со изолација на долг рок.
„Што, не од интерес ниту на Северна Македонија, ниту на регионот и Европа“,
рекол Шолц.

Премиерот Ковачевски, пак, му се заблагодарил на Шолц за поддршката што С Македонија ја добива од Германија во демократскиот, евроинтеграцискиот и економскиот развој на нашата земја, велејќи дека тоа е потврда за разбирањето што Германија го има за потребите и националните и стратегиски интереси на македонските граѓани.
Меѓу другото, Ковачевски му го честитал на Шолц јубилејното членство на Германија во ОН и се заблагодарил за соработката меѓу двете земји во рамки на Обединетите нации.

