Писториус рече дека одлуката е многу важен знак за поддршка за успешните напори на украинските вооружени сили да обезбедат воздушна одбрана, особено сега во оваа конкретна фаза од војната
Германија веднаш ќе му достави на Киев уште 64 противвоздушни ракети „Патриот“, најави денеска германскиот министер за одбрана Борис Писториус на вториот ден од состанокот на НАТО во Брисел.
Минатиот месец Германија објави пакет помош во вредност од речиси три милијарди долари за зајакнување на одбраната на Украина, што претставува најголемо ветување на Берлин за воена помош од почетокот на војната.
Писториус рече дека одлуката е многу важен знак за поддршка за успешните напори на украинските вооружени сили да обезбедат воздушна одбрана, особено сега во оваа конкретна фаза од војната.
Соопштението доаѓа откако Киев објави дека одбил голем, комбиниран воздушен напад од Русија.