Полицијата засега не открива дали возачот намерно влетал во толпата луѓе или станува збор за несреќен случај, но медиумите објавуваат дека возачот дури и забрзал пред ударот
Најмалку 15 лица се повредени, меѓу кои и деца, кога денеска автомобил влетал во карневалската поворка во градот Фолкмарсен, во западниот дел на Германија, соопшти полицијата додавајќи дека возачот е уапсен.

Инцидентот се случил во 14:30 часот по локално време.
Полицијата засега не открива дали возачот намерно влетал во толпата луѓе или станува збор за несреќен случај.
Но, германските медиуми, пренесувајќи изјави на сведоци, објавија дека возачот намерно влетал со автомобилот во толпата, па дури и дека забрзал пред инцидентот.
„Франфуртер алгемајне цајтунг“ објави дека сребрениот „мерцедес“ запрел дури 30 метри откако влетал во поворката.