„Значи има и друг парадокс, идентитечен со овој. Пред четири години противкандидатката за претседател од ВМРО-ДПМНЕ во јавен настап рече дека сите што го потпишале Преспанскиот договор треба кривично да одговараат. Пред некој ден ја објавија нејзината изборна програма во која со големи букви пишува дека НАТО е гарант за безбедноста на Македонија. А НАТО без Преспа не бидува. Значи, лажење без усул. Не им личи на годините на сите тие што ги имаат поминато во политиката. Да мислиш дека луѓето се недоветни и дека нема да те провалат што зборуваш“, рече претседателскиот кандидат поддржан од СДСМ
Во Скопје доаѓа нивниот пријател од Германија, од нивната сестринска партија ЦДУ. Човекот е еден од највлијателните во врвот на таа германска политичка партија и вели дека по разговорите со раководството на ВМРО-ДПМНЕ добил недвосмислен впечаток дека тие се за уставни промени.
Ова вечерва од митингот во Гостивар го изјави актуелниот претседател на државата и кандидат за втор мандат на функцијата поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски, одговарајќи на прашање од граѓаните како ја коментира контрадикторноста на изјавите на ВМРО-ДПМНЕ за уставните измени, а воедно коментирајќи ја изјавата на пратеникот во германскиот парламент Питер Бејер, од редовите на Христијанско-демократската унија (ЦДУ), сестринска партија на ВМРО-ДПМНЕ, кој вчеравечер во интервју изјави дека со сигурност знае дека ВМРО-ДПМНЕ сака да се измени Уставот.

Пендаровски рече дека Германецот еден состанок направил со своите другари, а тие, како што додаде, му признале она што со години не му го признаваат на македонскиот народ и на македонските граѓани.
„Значи има и друг парадокс, идентитечен со овој. Пред четири години противкандидатката за претседател од ВМРО-ДПМНЕ во јавен настап рече дека сите што го потпишале Преспанскиот договор треба кривично да одговараат. Пред некој ден ја објавија нејзината изборна програма во која со големи букви пишува дека НАТО е гарант за безбедноста на Македонија. А НАТО без Преспа не бидува. Значи, лажење без усул. Не им личи на годините на сите тие што ги имаат поминато во политиката. Да мислиш дека луѓето се недоветни и дека нема да те провалат што зборуваш“,
вели Пендаровски.
Според него, не е случајно тоа што ВМРО-ДПМНЕ го зборуваат со странските амбасади, дека нивниот план, како што додаде, ќе го кажеле на 9 мај.
„Да не им дадеме шанса воопшто да дојдат до 9 мај“,
рече тој.
Одговарајќи на прашање за ветингот на политичарите, Пендаровски вели дека е крајно време да се направи и проверка на имотот на политичарите.
„Да видиме дали некој само живеел само од плата или несразмерно го зголемил својот имот. Ако билo така, не само што треба да ги врати парите туку и да оди во затвор“,
рече кандидатот за претседател.
За проблемите во судството, Пендаровски рече дека постојат многу причини зошто сме дојдени на ова дереџе.
„Ако законот не се спроведува еднакво за сите, можеш да ги препишеш сите најдобри закони, но ако имаш неквалитетен човечки материјал, кој лесно се корумпира, тогаш џабе ти е идеалниот закон. Затоа јас секогаш велам дајте ми ги кадрите да ги видам. Не мислам дека ни требат куп нови закони. Ни требат проверени луѓе, тоа ќе ги ублажи проблемите во оваа сфера. Големите и богатите многу тешко ќе ги видите во Идризово“,
рече тој.
Пендаровски порача дека не ветува оти за три, четири, пет години ќе бидеме како Швајцарија и Германија, но дека ќе направат големи промени за економскиот стандард на граѓаните, но и за тоа младите да останат во земјава.
На почетокот на говорот тој се осврна на она што било направено во изминатите седум години, како влезот во НАТО и на почетокот на преговорите со Европската Унија.
Рече дека изминатите години многу вложиле и во меѓуетничките односи.
„Ние сме космополити и демократи. Оваа Македонија секогаш била мултиетничка, таква и ќе биде“,
рече тој.
Од Гостивар порача на гласачите дека треба да го гледаат она што го направил во изминатите пет години, а не да се потпрат само на она што го гледаат сега во кампањата по спотовите и рекламите.