Кандидатот на СДСМ за градоначалник вели дека центарци уште во 2013 година му се спротивставија на ВМРО-ДПМНЕ, која сакаше да го поништи нивниот избор
Граѓаните во мојата општина покажаа заби и први му се спротивставија на ВМРО-ДПМНЕ, која, преку насилство, поткуп и влечење луѓе за уши, сакаше да го поништи нивниот избор во 2013 година. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ многу се лажат ако мислат дека центарци го заборавиле нивното уништување и дивеење во општината. Се лажат дека е заборавен криминалот тежок една милијарда евра кој го правеа преку грбот на граѓаните уништувајќи им ги населбите, маалата и Водно. Центарци не заборавија како ВМРО-ДПМНЕ менува детални урбанискички планови во три часот наутро“, вели кандидатот на СДСМ за градоначалник на Центар, Горан Герасимовски, во денешното видео на социјалните мрежи.
Тој ги повика граѓаните, и оние кои гласаа за другите кандидати во првиот круг, обединети да излезат на гласање во вториот круг, затоа што верува дека сите се борат за иста цел, а тоа е Центар да го води способна, демократска и одговорна власт.
„Избраме дали сакаме власт која слуша и одговорно владее или пак власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ која докажано работеше и ќе работи спротивно на интересите на нас центарци. Сега е време да се обединиме околу една заедничка цел – нашата општина да продолжи напред“,
вели Герасимовски, кој оди како првопласиран пред кандидатката поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Наташа Котлар, во вториот изборен круг.