Мојата цел е, рече кандидатот на СДСМ за градоначалник на Центар, општината целосно да биде отворена за граѓаните и тоа да се види во првите 100 дена од мандатот
Горан Герасимовски,кандидат на СДСМ за градоначалник на Центар вели дека нема да отстапи од хумана урбанизација и дека ќе се залага за побрзо донесување на деталните урбанистички планови, со кои наместо габаритни градби ќе ума градинки, училишта, културни центри и ново зеленило. За сообраќајот, тој рече дека ќе обезбеди резидентни паркинзи за станарите до Центар.
Во гостување на ТВ 24, тој исто така рече дека секојдневно ќе одвојува по еден час само за граѓаните. Мојата цел е, рече Герасимовски, општината целосно да биде отворена за граѓаните, да има контакти, да слуша и постапува по барањата и проблемите и тоа да се види во првите 100 дена од мандатот.
Најави и поврзување на ПОЦ со дополнителен сектор за комунална хигиена, така што, како што рече, ќе се зголеми бројот на вработени и опремата за да се подигне нивото на хигиена во општината.