Градоначалникот на Општина Центар во објава на Фејсбук утринава сподели фотографии од улици во скопски Центар, кои се преплавени со ѓубре
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, упати повик до администрацијата на Град Скопје и градоначалничката Данела Арсовска да го исчистат сметот од улиците на општината, за кои е надлежен Градот.

Тој во објава на Фејсбук утринава сподели фотографии од улици во скопски Центар, кои се преплавени со ѓубре.
„Барам веднаш Град Скопје и Арсовска да ги исполнат своите основни работни обврски и да го исчистат ѓубрето од улиците на Центар кои се под надлежност на Градот. Недозволиво е центарот на Скопје да изгледа вака, јавните површини под чија надлежност се тие се акумулирани со ѓубре коешто не само што го загрозува здравјето на граѓаните, туку ја нарушува и животната средина“,
пишува Герасимовски.

„Еве, вака изгледа работата на Град Скопје и градоначалничката Данела Арсовска! Центар во ѓубре! Срамота!“,
додава градоначалникот на Општина Центар.
