Oд СДСМ најавија дека етапно ќе ги објавувааат кандидатите за градоначалници на претстојните локални избори. По вчерашната прва група, следните имиња треба да бидат објавени на почетокот или во првата половина на август, додека третата група ќе биде позната на крајот на наредниот месец
Откако се најде во првата група од 30 номинирани кандидати за градоначалници од редовите на СДСМ, актуелниот градски татко на Охрид, Константин Георгиески на фејсбук посочи дека номинацијата носи одговорност и голема чест.
„Убеден сум дека можеме да постигнеме уште повеќе! Време е да зацртаме и да тргнеме кон остварување на нови цели! Време е уште еднаш да се обврземе пред граѓаните и пред себеси дека ќе работиме уште повеќе за интересите на нашиот град!Предводејќи ја локалната власт во Охрид, СДСМ покажа и докажа дека знае да креира квалитетни политики. Работевме одговорно, чесно и домаќински. Реализиравме важни проекти, водејќи сметка за зачувување на природните, културните и духовните богатства“,
напиша Георгиески на фејсбук.
Од кандидатите кои вчера ги објави лидерот на социјалдемократите само двајца се нови, а останатите се актуелни градоначалници кои ќе се тркаат за нов мандат.
*ПОВРЗАНА ВЕСТ: Заев објави 30 кандидати за градоначалници: Шилегов за Скопје, Николов за Штип, Георгиевски за Охрид, Халими за Арачиново…
Oд СДСМ најавија дека етапно ќе ги објавувааат кандидатите. По вчерашната прва група, следните имиња треба да бидат објавени на почетокот или во првата половина на август, додека третата група ќе биде позната на крајот на наредниот месец.
*ПОВРЗАНА ВЕСТ: Шилегов по потврдената кандидатура: Скопје го заслужува најдоброто