Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска е еднодневна посета во Косово. Тој се сретна со претседателката на Косово, Вјоса Османи и со косовскиот премиер Албин Курти.

Османи му се заблагодари на Столтнберг за поддршката на КФОР за обуката на косовските безбедносни сили како процес на транзиција во армија во согласност со стандардите на НАТО. Османи исто така ја спомена и поддршката на општините од страна на КФОР за време на пандемијата со ковид-19.

Во соопштението на Кабинетот на претседателката се наведува дека на Столтенберг му била пренесена поаката дека Косово својата иднина ја гледа во ЕУ, НАТО и ООН.
„Вредно работиме за влез во НАТО. Потребна ни е поддршка од оваа организација дури и од членките на НАТО кои не го признаваат Косово“,
се вели во соопштението на кабинетот на претседателката.
Во контекст на регионалната безбедност, претседателката на Косово ја спомена и опасноста од руско влијание на Балканот, па затоа смета дека членството на Косово во оваа организација е многу важно.
Столтенберг при посетата во Kосово оствари средба и со командантот на КФОР Франко Федерик и со директорот на тимот за совети и врски на НАТО, Франк Бест. Секретарот на Северноатлантската алијанса, исто така, ги посети и војниците на КФОР, кои се на Косово.