Бразил доби генерал за министер за здравство.
Претседателот Жаир Болсонеро го именувал генералот Еудуардо Пазуело откако претходниот министер поднел оставка пред 19 дена.

Досега двајца министри за здравство во Бразил си поднесоа оставки поради несогласувања со пристапот кон пандемијата што го има претседателот Болсонеро. Тој сега изразил надеж дека генералот кој нема никакво искуство во здравство ќе се задржи долго на функцијата.
Инаку, Бразил стана една од најпогодените земји од новиот коронавирус. Според „Ворлдометерс“, во моментов е на второ место во светот по бројот на заразени со 584 562 случаи, а бројот на починати изнесува 32 568.
Пред Бразил се САД, со 1,9 милион заразени и 109 142 смртни случаи.