Рускиот енергетски гигант „Газпром“ објави дека повеќе нема да испорачува гас од гасоводот „Јамал – Европа“ преку Полска бидејќи властите во Москва го забранија тргувањето со сопственикот на полската траса на гасоводот.
Ова доаѓа како резултат на воведувањето на руските контрасанкции, што значи забрана за користење на гасоводот кој му припаѓа на „Европол ГАС“, информираше портпаролот на „Газпром“, Сергеј Купријанов.
Контрасанкциите кои синоќа ги воведе Русија се однесуваат на сите подружници на „Газпром“ во „непријателските земји“, поради што санкционираните компании нема да можат да учествуваат во испораките на руски гас и со нив не смее да се тргува.
„Воведена е забрана за трансакции и плаќање во корист на лица подложени на санкции, за „Газпром“ тоа значи забрана за користење на гасоводот во сопственост на ‘Европол’ за пренос на руски гас преку Полска“,
порача Купријанов.