Околу 900 000 деца во Газа страдаат од глад, а 70 000 од нив се во состојба на неухранетост
21 дете починале од неухранетост и глад низ целата територија на Газа во последните 72 часа, објави Би-би-си повикувајќи се на изјава на директорот на болницата Шифа во градот Газа, д-р Мохамед Абу Салмија.
Околу 900 000 деца во Газа страдаат од глад, а 70 000 од нив се во состојба на неухранетост, изјави тој и додаде дека се соочуваат со алармантен број на смртни случаи, а пациентите со дијабетес и бубрежни заболувања се изложени на посебен ризик.
Претходно, Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека израелската војска ja нападнала резиденцијата на нивниот персонал, како и главниот магацин во Деир ал Балах, со што ги загрозила нејзините операции во Газа.
Министрите за надворешни работи на 28 земји преку заедничка изјава бараат итно завршување на војната во Газа, истовремено упатувајќи критики до Израел за начинот на постапување при распределбата на хуманитарната помош наменета за населението во Појасот.