На дискусијата биле потенцирани зрелоста и улогата на Македонија како фактор на стабилност во регионот, значењето на инфраструктурните проекти, како и потребата од продлабочена регионална интеграција и соработка меѓу земјите од Западен Балкан, како предуслов за одржлив развој и напредок кон Европската Унија
Отворен и конструктивен дијалог со нашите американски партнери е од суштинско значење за унапредување на демократските вредности и јакнење на регионалната стабилност. Ова за време на својата посета на Вашингтон го порача претседателот на Собранието, Африм Гаши, за време на учеството на панел-дискусија посветена на регионалната економска интеграција во Југоисточна Европа, организирана од Атлантскиот совет.

На дискусијата биле потенцирани зрелоста и улогата на Македонија како фактор на стабилност во регионот, значењето на инфраструктурните проекти, како и потребата од продлабочена регионална интеграција и соработка меѓу земјите од Западен Балкан, како предуслов за одржлив развој и напредок кон Европската Унија.
„Благодарност до Атлантскиот совет за организацијата на оваа значајна платформа за дијалог“,
порача Гаши.
За време на посетата на Вашингтон, Гаши остварил средба со Макс Приморац, виш истражувачки соработник во Центарот за слобода „Маргарет Тачер“ при Фондацијата „Херитиџ“ со кого дискутирале за улогата на силните институции, вредностите на слободата и значењето на трансатлантското партнерство за мирот и стабилноста на Западен Балкан.
