Британскиот весник пишува за остварениот сон на Горан Пандев и неговите соиграчи
Северна Македонија се пласираше на Европското првенство следната година. Тоа е нивниот највреден резултат и прво големо натпреварување. Обезбедено е по победата на гостувањето кај Грузија во Тбилиси со 1:0, пишува британски „Гардијан“.
„Горан Пандев, најдобриот играч на неговата нација и водечки стрелец на сите времиња, го постигна победничкиот гол во 56. минута од средбата. Триесет и седумгодишниот фудбалер беше во солзи по последниот свиреж на судијата, бидејќи на него и на неговите соиграчи им се исполнија соништата“,
објави „Гардијан“.
Противници на македонските фудбалери во Ц-групата на ЕП 2020 коешто е одложено за идната година, ќе бидат Австрија, Холандија и Украина.
