Нови сателитски снимки укажуваат на тоа дека Русија го зголемува бројот на војници и опрема во најмалку три региони во близина на источната граница со Украина, пренесува „Гардијан“.
„Макар технолоџис“ објави и сателитски снимки од Русија, за кои, како што пишува британскиот весник, покажуваат дека руските сили се упатуваат кон источна Украина.

Првата снимка покажува шатори, трупи и возила во селото Солота, во западна Русија, кои се подготвуваат да бидат испратени во источниот дел на Украина, првенствено во Донбас.
Кога станува збор за руските сили кои од други делови на Украина се прераспределуваат кон Донбас, според фотографиите што ги објави Макар, конвој со оклопни возила и камиони е забележан на автопат во селото Вилхуватки, во близина на Харков, во текот на викендот.
Повеќе војници и воена опрема биле видени и во близина на Херсон на 7 април. На некои од возилата се гледала и буквата „З“ на латница, рускиот воен симбол, пренесува „Гардијан“.