Според „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на анонимни израелски и ирански извори, Хамнеи е повреден на денот кога почнаа нападите на Соединетите Американски Држави (САД) и Израел врз Иран
Новиот врховен лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, е лесно ранет во нападите, но е жив и е во добра здравствена состојба, објави советникот на владата и син на иранскиот претседател, Јусеф Пезешкијан, а пренесува „Гардијан“.
Ова следува по шпекулациите во дел од медиумите насочени за здравјето и местото каде се наоѓа новиот лидер, кој не се појави во јавноста откако го наследи својот починат татко.

„Слушнав вести дека Моџтаба Хамнеи е ранет. Се информирав и ми рекоа дека тој е жив и здрав“,
напиша Пезешкијан на Телеграм.
Според „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на анонимни израелски и ирански извори, Хамнеи е повреден на денот кога почнаа нападите на Соединетите Американски Држави (САД) и Израел врз Иран.
Иранската државна телевизија го нарече Хамнеи ранет ветеран од рамазанската војна, но никогаш не прецизира за каков вид повреди станува збор.
На 8 март, британската телевизија Скај њуз објави дека Моџтаба Хамнеи, синот на поранешниот врховен лидер на Иран, е именуван за негов заменик. Тој е 56-годишен свештеник кој никогаш не извршувал владина функција.
Ајатолахот Али Хамнеи, пак, беше убиен во првите американско-израелски напади врз Иран.
