Обезбеден е и лиценциран персонал за медицински и социјални услуги за оваа категорија граѓани
Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу воедно и кандидат за втор мандат од политичката партија ДУИ, денеска се сретна со пензионерите на која им ги предаде клучевите од Центарот за пензионери, што е наменет како место за средба на повзрасните жители на општината.
„Тие го дадоа својот придонес и посветеност, и ние денес ги уживаме придобивките, така што нивниот придонес е незаборавен и ќе се цени засекогаш. Денеска, заедно со претседателот на Здружението на пензионери на Чаир, Ќоку и претставници на пензионери го посетивме првиот Пензионерски центар во нашата земја“,
изјави Ганиу.
Општина Чаир информира дека центарот е инвестиција од 3 600 000 денари, а обезбеден е и лиценциран персонал за медицински и социјални услуги за оваа категорија граѓани.