Со слогани за „Демократка Македонија“ и барање за „слобода на уставобранителите“ во 11 часот започна протестот пред Владата, а предвидено е да заврши пред Собранието.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ се изјасни дека не е директно вклучена во организацијата, но даде поддршка на протестот и повика на барање правда, за како што велат, неправедно осудените за настаните од 27 април 2017 година.
„Правда за уставобранителите! И еден ден во затвор како неправедно осуден е тежок како година. Не смееме да ја премолчиме неправда, затворот на правдина е најтежок, а општеството не смее да дозволи импровизации. Уставобранителите се во затвор, а полицијата на Спасовски им дава закрила на ИСИС, турската, српската, албанската и италијанската мафија. Тоа значи дека е изгубено секое мерило на праведно расудување и секоја неправда мора да се исправи“,
велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Поворката веќе се упати кон Собранието каде се забележува и полициско обезбедување.













