Охрид е преполн со гости овој празничен викенд. Ситуацијата оваа сезона е поразлична бидејќи ги нема странските гости кои можеа да се видат изминатите години, но градот го наполнија домашните туристи.
Дописникот на МИА јавува дека се бара легло повеќе во приватните станови, викендичките и собите за издавање, коишто капацитети биле резервирани една недела однапред.
Но, ситуацијата од друга страна го отвора и прашањето колкав е ризикот од ковид-19. Пренесувајќи ја сликата од Охрид, дописникот на МИА јавува луѓето како да подзаборавија на опасноста, се забележува лежерност и воопшто не е занемарлив бројот на оние кои не носат маски, освен онаму каде мораат, а слабо е и почитувањето на мерката за социјална дистанца.