Лидерите на најразвиените земји во светот денеска се среќаваат во Канада, а средбата е во сенка на тензиите на Блискиот Исток и загриженоста за потезите на Трамп
Лидерите на земјите членки на Групата седум најразвиени земји (Г7) се договорија за заедничка нацрт-изјава за конфликтот меѓу Израел и Иран. Сепак, таа сè уште не е одобрена од американскиот претседател Доналд Трамп, пренесува Си-би-ес њуз.
Според телевизијата, Трамп нема да ја потпише заедничката изјава на Г7.

Лидерите на најразвиените земји во светот денеска се среќаваат во Канада, а средбата е во сенка на тензиите на Блискиот Исток и загриженоста за потезите на Трамп.
Според нацрт-изјавата, Г7 повикува на деескалација на конфликтот, но нагласува дека Израел има право на самоодбрана.
Нагласено е и дека Иран никогаш не смее да се здобие со нуклеарно оружје, а лидерите наведуваат дека ќе работат на зачувување на стабилноста на пазарот.
Оваа нацрт-изјава повикува и на заштита на цивилите од двете страни, бара промоција на мирот, но и на континуирано следење на иранските активности.
Не е јасно колку Трамп е блиску до прифаќање на изјавата.
Во неговиот прв мандат, тој ја отфрли заедничката изјава на Г7, што сега дополнително ја зголемува неизвесноста.