Функционери на СДСМ викендов беа во посета на повеќе општини и остварија средби со граѓани, во пресрет на локалните избори.
Пратеници, членови на извршниот и централниот одбор, претседатели на комисии учествуваа во активноста врата до врата, одржаа маалски средби и средби со целни групи за да го слушнат гласот на граѓаните“,
информираат од СДСМ.

Заменик претседателката на партијата, Сања Лукаревска, се сретна со граѓани на општина Дојран, а потпретседателот Венко Филипче попладнево беше во Шуто Оризари.


Потпретседателот на партијата, Фатмир Битиќи вчера се сретна со граѓани во Велес, а секретарот за меѓународна соработка, Бојан Маричиќ, кој вчера беше во Кисела Вода, денеска се сретна со жители на Арачиново.


„СДСМ постојано е на терен меѓу граѓаните каде го презентира сработеното и заедно со нив ја креира најдобрата понуда за секоја општина. Граѓаните го препознаваат отворениот искрен однос и затоа СДСМ води на сите анкети, затоа што граѓаните знаат дека само со СДСМ е можен напредокот на општините и државата“,
се вели во партиското соопштение на СДСМ.