Италијанското фудбалско првенство ќе продолжи на 20 јуни, а натпреварите ќе се одржуваат секој ден. Таков згуснат распоред е избран за да може на време да се заврши лигата пред 2 август.
Во исто време, натпреварите во интерес на телевизијата и клубовите ќе започнат во различни термини.
Според распоредот, во понеделник, почетокот на натпреварите е закажан за 21 часот, во вторник, среда и четврток – во 19 часот и 21 часот.
Секој петок ќе има еден натпревар од Серија А во 21 часот, а во сабота и недела по три: во 17:15 часот, 19:30 и 21:45 часот.