Горан Бреговиќ синоќа настапи на Фестивалот на пивото во Корча, Албанија, каде што се случи инцидент кој предизвика паника помеѓу посетителите, пренесуваат албанските медиуми
За време на настапот на Горан Бреговиќ на Фестивалот на пивото во албанскиот град Корча беше фрлен солзавец, па многумина одлучија да го напуштат концертот. Децата и постарите лица тргнаа директно кон излезот, додека на едно лице му беше укажана лекарска помош и заврши во болница, пишува faktor.al.
Откако ситуацијата се смири, концертот продолжи, а по оваа информација тимот на Бреговиќ не сакаше да коментира што се случило.
Korca suzavac na nastupu Gorana Bregovica. Mali broj ljudi se razisao, policija iskontrolisala situaciju, nastup nastavljen. pic.twitter.com/jeAXjqKEUV
— DipchE⚠️ (@dipche84) August 22, 2021
Според „Косев“, полицијата привела едно лице осомничено дека го фрлило солзавецот.
Најавата дека Горан Бреговиќ ќе настапи на фестивалот на пивото во Корча предизвика бура од негативни коментари и обвинувања во косовски медиуми.
„Газета експрес“ наведе дека Бреговиќ признал дека се сретнал со Радован Караџиќ, осуден за злосторства против човештвото во БиХ. Весникот, исто така, наведува дека Бреговиќ, кој стана почесен граѓанин на албанската престолнина во 2006 година, тогаш го доби „клучот на Тирана“ од тогашниот градоначалник Еди Рама.