Посетата на американската делегација, која ќе трае од четврток до сабота, ќе ја предводи Уша Венс, сопруга на потпретседателот Џеј-Ди Венс, заедно со советникот за национална безбедност на Белата куќа, Мајк Волц, како и секретарот за енергетика Крис Рајт
СAД вршат неприфатлив притисок врз Гренланд, изјави за ТВ 2 данската премиерка Мете Фредериксен, пред посетата на висока американска делегација на полуавтономната данска територија оваа недела.

Посетата на американската делегација, која ќе трае од четврток до сабота, ќе ја предводи Уша Венс, сопруга на потпретседателот Џеј-Ди Венс, заедно со советникот за национална безбедност на Белата куќа, Мајк Волц, како и секретарот за енергетика Крис Рајт.
„Морам да кажам дека притисокот што се врши врз Гренланд и Данска во оваа ситуација е неприфатлив. И тоа е притисок на кој ќе се спротивставиме. Посетата не може да се сфати како знак на почит. Планираните посети не можат да се гледаат одделно од се погласните изјави и пораки што ги слушаме од Америка од јануари“,
изјави Фредериксен за ТВ 2.
Ниту владата на Гренланд ниту владата на Данска не упатија покана до делегацијата.
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска повтори дека Гренланд можеби во иднина ќе биде дел од Соединетите Американски Држави.
Трамп, по состанокот со официјални лица во неговиот кабинет, изјави дека тоа е важно за националната безбедност на САД.