Додека Зеленски повикува повлекување на француските компании, денеска швајцарскиот гигант Нестле одлучија да повлече два свои бренда од рускиот пазар. Станува збор за повлекување на брендовите „Кит Кат“ и „Несквик“

Украинскиот претседател Волдомир Зеленски денеска се обрати и пред француските пратеници пред кои повика компаниите од Франција кои имаат фабрики во Русија да прекинат со работа за да не ја финансираат руската воена машина.
„Рено, Ошан, Лерој Мерлил и други компании мора да престанат да ја спонзорираат руската воена машина. Тие мора да престанат да ги финансираат убиствата на жени и деца“,
се дел од коментарите на Зеленски во видеообраќањето пред француските пратеници што ги пренесуваат тамошните медиуми.
Токму автомобилската компанија Рено, која ја прозва украинскиот претседател, деновиве е мета на критики бидејќи реши да го рестартира производството во својата фабрика во Москва. Како што претходно објави „Ројтерс“, производителот на автомобили одлучи да го продолжи со производството истовремено почитувајќи ги меѓународните санкции.
Додека Зеленски повикува повлекување на француските компании, денеска швајцарскиот гигант Нестле одлучија да повлече два свои бренда од рускиот пазар, како што тоа го направија и голем број други компании изминатиот период. Станува збор за повлекување на брендовите „Кит Кат“ и „Несквик“.
Нестле на почетокот на месецот одлучи да ги прекине инвестициите во земјата, а со повлекувањето на своите брендови, сега останува присутна на рускиот пазар само со есенцијалната храна – храна за доенчиња и медицинска и болничка исхрана, пренесува Би-би-си.
Ваквиот потег на швајцарскиот гигант следува откако изминатиот период беше мета на критики од украинските политичари.