Новата шефица на француската дипломатија, Катрин Колона, денеска побара брза и транспарентна истрага

Француски новинар денеска загина во регионот Луганск во источна Украина откако оклопно возило за евакуација во кое се наоѓал и тој било погодено од руска граната.
Станува збор за 32-годишниот Фредерик Леклер Имхоф. Веста за неговата смрт прв ја сподели регионалниот гувернер Сергеј Гајдаи кој објави дека шрапнел од руска граната го пробил оклопот на возилото.
Попладнево се огласи и францускиот претседател Емануел Макрон кој наведе дека 32-годишникот бил во Украина за да ја покаже реалноста на војната.
Новата шефица на француската дипломатија, Катрин Колона, денеска го осуди настанот и побара истрага.
Франција, рече таа, бара истрагата да се спроведе што е можно поскоро и транспарентно да се соопштат околностите на оваа драма.