На жената нема да ѝ биде дозволено да контактира со другите осомничени или да ја напушти Франција

Жената осомничена за учество во грабежот во музејот Лувр во Париз минатиот месец е ослободена од француската полиција и таа ќе биде под судски надзор, соопшти денеска Канцеларијата на парискиот обвинител.
Жената беше уапсена со уште четири лица од кои две претходно беа обвинети за кражба и криминален заговор. Таа е обвинета за соучество во организирана кражба и криминален заговор чија цел е извршување кривично дело, а судот нареди нејзино притворање.
На жената нема да ѝ биде дозволено да контактира со другите осомничени или да ја напушти Франција.
Накит вреден 88 милиони евра беше украден од најпосетуваниот музеј во светот на 19 октомври кога беше објавено дека четворица мажи го извршиле грабежот среде бел ден. Како што јавуваат светските медиуми, двајца наводни крадци, кои беа уапсени претходно, ја признале својата вмешаност.
Грабежот во Лувр се случи минатиот месец, кратко по отворањето на музејот.
Се верува дека тројца од осомничените биле дел од банда од четири члена која користела украден камион со скали за да стигнат до прозорец на првиот кат од галеријата „Аполон“ во грабежот. Двајца од членовите на бандата скршиле необезбеден прозорец и две стаклени витрини, по што се симнале и избегале со мотоцикли управувани од другите двајца. Целата операција траела помалку од седум минути.
Досега не е пронајдена никаква трага од украдениот накит.
