Бевме отворени, ги слушавме и двете страни и мислам дека успеавме и постигнавме компромис кој ќе ја гарантира иднината и пријателството меѓу народите, изјави амбасадорката Флоренс Робин за БГНЕС
Сите заедно, Бугарите, Македонците, како и француското претседателство со Европската Унија, работевме заедно за Европа да може да биде посилна, за историските проблеми меѓу Бугарија и РС Македонија да наидат на поголемо разбирање.
Ова за БГНЕС го изјави амбасадорката на Франција во Бугарија, Флоренс Робин.
„Бевме отворени, ги слушавме и двете страни и мислам дека успеавме и постигнавме компромис кој ќе ја гарантира иднината и пријателството меѓу народите“,
нагласи амбасадорката Робин.

Според неа, Европа во моментов мора да биде обединета пред огромните предизвици што ги носат многуте кризи со кои се соочуваме.
„Сега повеќе од кога било европскиот континент треба да биде заедно, сите ние треба да се здружиме за да ги надминеме сите тешкотии и предизвици со кои се соочуваме, затоа повеќе од сè е важно, иако сме различни, да бидеме обединети и да се движиме напред заедно“,
повика француската амбасадорка во Бугарија.
Бугарското Народно собрание на 24 јуни изгласа предлог-одлука за решавање на спорот меѓу Софија и Скопје и да се отвори патот за европска интеграција на Македонија.
Нацрт-одлуката се надоврзува на предлогот на француското претседателство и ги дефинира условите под кои Софија може да го поддржи евроинтегративниот процес на РСМ. На 29 јуни бугарската влада ја одобри оваа одлука на бугарскиот парламент.
На 16 јули, 68 гласа „за“ и ниту еден глас „против“ пратениците во македонското Собрание ги усвоија заклучоците за информацијата за предлог-преговарачката рамка со Европската Унија.
