Во Париз, Гренобл, Лил, Лион, Марсеј, Сент Етјен и Тулуз од сабота па во следните четири недели ќе има забрана за движење во ноќните часови до рано наутро
Во Франција ќе биде прогласена вонредна состојба, а во областите каде има најголем број заразени со коронавирус, ќе се воведе и полициски час од 21 часот навечер до 6 часот наутро.
Се работи за осум области, меѓу кои Париз, Гренобл, Лил, Лион, Марсеј, Сент Етјен и Тулуз во кои од сабота па во следните четири недели ќе има забрана за движење во ноќните часови до рано наутро.
Полицискиот час предвидува забрана за одење во ресторани или семејни посети, но не и ограничување на јавниот превоз или за транспортот внатре во регионите.
Францускиот претседател Емануел Макрон, најавувајќи ги мерките рече дека секој што ќе се најде надвор за време на полицискиот час ќе треба да има добра причина за тоа. Казната за прекршување на правилата за полициски час ќе биде 135 евра.
Говорејќи на француската телевизија, Макрон рече дека ситуацијата е „загрижувачка“, но земјата сè уште има контрола врз пандемијата, додавајќи дека земјата влегла во вториот бран.
Другите детали за мерките, за тоа кој ќе може да работи во време на полициски час, ќе бидат објавени во четврток.