Сепак, бројот на преместени работни места преку Ла Манш е сѐ уште помал од оние што останаа во Лондон и далеку помал од првичните проценки веднаш по гласањето за брегзит
Како резултат на брегзит“, од Лондон во Париз се пренесени 4 735 работни места во финансискиот сектор, објави француската лоби-група „Париз Еуроплас“.
Се работи за работни места во финансиски компании кои се преселиле од Лондон во Париз, како што се „ЏП Морган“ и јапонска „Номура“, како и француските „БНП Парибас“ и „Сосиете женерал“, кои имаат големи бизниси во Велика Британија.
Исто рака има работни места и надвор од финансискиот сектор, како здравството и автомобилската индустрија. „Париз Еуроплас“ проценува дека брегзит го зголемил бројот на работни места во Франција за вкупно 9 516.
По референдумот за брегзит, европските метрополи се обидуваат да привлечат деловни активности од Лондон, особено од банки и управители на средства и други компании за финансиски услуги.
Бројот на преместени работни места е сѐ уште помал од оние што останаа во Лондон и далеку помал од првичните проценки веднаш по гласањето за брегзит, според кои десетици илјадници работни места наводно требаше да се преселат преку Ла Манш.
Проценките за загубите на работното место во Велика Британија се разликуваат. „ЕУ консалтинг“ во октомври објави дека повеќе од 7 500 работни места во финансискиот сектор, но и илјадници милијарди фунти веќе отишле во ЕУ.
