Рене Троказ ќе биде вклучен во регионалните политики на Западен Балкан.
Француското МНР соопшти дека го назначува Рене Троказ за специјален пратеник за Западен Балкан наведувајќи дека тоа е во согласност со зголеменото вклучување на Франција во регионот во контекст на пристапот на Западен Балкан кон Европската Унија, пренесе МИА.
Троказ ќе биде вклучен во најважните прашања од регионалната политика, во координација со европските и американските колеги.
„Специјалниот пратеник ќе биде вклучен во најважните прашања од регионалната политика, во координација со неговите европски и американски колеги. Исто така, тој ќе ги следи и иницијативите за регионална соработка, особено Берлинскиот процес“,
се наведува во соопштението од Министерството за надворешни работи на Франција.
Ова го потврди и самиот дипломат во објава на платформата „Икс“.
„Од денеска сум назначен за специјален пратеник за Балканот (од Министерството за надворешни работи)“,
напиша Троказ.