Според француските медиуми се работи за Ндиага Диеје ( 40) во Сант Назер. Тој им бил познат на службите поради насилство врз силите на редот и радикализам
Еден човек во францускиот град Шапел Сур Ердре во близина на Нант, тешко рани полицајка со нож денеска, по што е убиен во престрелка со полицијата, објави француската жандармерија.
Два полициски хеликоптери и повеќе од 200 полицајци биле вклучени во потерата по напаѓачот, пренесува Ројтерс.
Напаѓачот ѝ го одзел оружјето на полицајката и побегнал со автомобил, а по судирот продолжил пеш. Тој бил опколен во шумата во близина на градот, по што пукал кон полицијата.
Во пукањето се повредени двајца полицајци, а напаѓачот е убиен. Нападнатата полицајка во болницата е во критична состојба, пренесува телевизијата БФМ.
Министерот за внатрешни работи Џералд Дарманен на Твитер напиша дека патува на местото на настанот.
Според француските медиуми се работи за Ндиага Диеје ( 40) во Сант Назер. Тој им бил познат на службите поради насилство врз силите на редот и радикализам, но мотивот сè уште не е познат.
Извор близок до истрагата за Ројтерс изјавил дека осомничениот бил ослободен од затвор во март поради насилство.
Инцидентот се случи еден месец откако еден полицаец во близина на Париз беше убиен од туниски државјанин за кој беше објавено дека пред нападот гледал религиозни видеа кои го величат Џихадот.