Нела со песната „Чудо“ (Miracle) го освои петото место од жирито, а во конечниот пласман каде беа и гласовите од публиката го зазема седмото место со вкупно 141 глас

Франција е победник на 23 издание на „Јуниор Евросонг“, а Македонија со изведбата на Нела Манческа заврши на седмото место.
Нела со песната „Чудо“ (Miracle) го освои петото место од жирито, а во конечниот пласман каде беа и гласовите од публиката го зазема седмото место со вкупно 141 глас.
Победникот Франција со песната „Овој свет“ (Ce Monde) освои 152 гласа од жирито и 96 од публиката.
На второ место беше Украина со вкупни 177 гласа, а третопласирана заврши Грузија која имаше 176 гласа.
На изборот, што годинава се одржа во Тбилиси, Грузија, учествуваа натпреварувачи од 18 земји.

