Од локалната противпожарна служба соопштија дека напаѓачот го прескокнал ѕидот за да влезе во зградата на градинката и дека по случаен избор ги избирал своите жртви. Освен четирите загинати деца, во нападот се повредени уште четири деца. Повредените се помлади од три години
Најмалку четири деца се убиени, а уште четири се повредени во напад на детска градинка во градот Блуменау во јужен Бразил, соопштија локалните власти, пренесе Би-би-си.

Инцидентот се случил кога 25-годишен маж влегол во градинката околу 9:00 часот по локално време (12:00 часот по Гринич) и со секира ги нападнал децата.
Полицијата соопшти дека напаѓачот се предал во една од нивните станици, а веднаш потоа е уапсен.
BREAKING: Man with hatchet attacks a daycare / pre- school in Blumenau, Brazil, 4 children reportedly killed pic.twitter.com/wjmeQrX6VN
— Insider Paper (@TheInsiderPaper) April 5, 2023
Од противпожарната служба соопштија дека во моментот на нападот во градинката имало околу 40 деца. Оттаму додаваат дека напаѓачот го прескокнал ѕидот за да влезе во зградата на градинката и дека по случаен избор ги избирал своите жртви.

Во нападот загинаа најмалку четири деца, а уште четири се ранети. Повредените деца се помлади од три години, а најмалку едно од нив е во тешка состојба.
Градските власти ја прекинаа наставата во сите училишта, а гувернерот на државата Санта Катарина, каде што се наоѓа градот Блуменау, прогласи тридневна жалост.
Ова не е првпат градинка во Санта Катарина да биде цел на напад. Во 2021 година, 18-годишник уби двајца вработени и три мали деца во јасли во општина Саудадес.
Денешниот напад се случи само десет дена откако тинејџер избоде наставник до смрт и повреди уште четири лица во училиште во Сао Паоло во Бразил.