На полицискиот пункт пред Дебар, кај Бошков мост, се врши строга контрола на влез и излез од подрачјето во кое е на сила кризна состојба, јавува репортерот на „360 степени“ од терен.
Нашата екипа регистрираше камион паркиран покрај патот поставен во насока на излез од контролираното подрачје.

Полицијата не му дозволи да го помине пунктот и по 20-ина минути возилото се врати назад кон Дебар, што се гледа на фотографијата подолу.

Екипата на „360 степени“ регистрираше и возило на итната помош како ја напушта кризната зона. Нема официјална потврда дека во него се превезува некое од новозаразените четири лица откриени вчера. Министерот за здравство Венко Филипче денеска најави хоспитализирање на четворицата новооткриени пациенти на Клиниката за инфективни болести во Скопје.

*поврзана вест Првата заразена пациентка од Дебар е на апарати за дишење, меѓу вчерашните откриени случаи има и 15-годишно момче