По завршувањето на прес-конференцијата на СДСМ во Штип за победата на предвремените локални избори, се случи и кратка прослава пред промотивниот штаб на плоштадот „Слобода“ со блех музика.
Прославувањето траеше неколку минути, а веднаш потоа присутните се разотидоа.
