Лидерот на Левица обвинува дека зад фотомонтажата стојат, како што вели тој, ботови на ВМРО-ДПМНЕ
Фотомонтажа и лажна вест, вели лидерот на Левица, Димитар Апасиев, за наводниот негов мејл до партиските тела, со насоки за бојкот на вториот круг од претседателските избори на 8 мај.
Принтскрин од наводниот мејл со вчерашен датум, денеска проструи на социјалните мрежи, а го објавија и дел од порталите.

Лидерот на Левица обвинува дека зад фотомонтажата стои ВМРО-ДПМНЕ.
„На најголемиот христијански празник Велигден, ботовите на ДПМНЕ, по лична директива на Христијан Мицковски, пуштаат дип-фејк ФОТОМОНТАЖА на лажна вест!!! Најостро демантирам дека постои ваков мејл!“,
објави Апасиев.
Вчера, Апасиев најави дека нема да бара од гласачите да ја поддржат кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова, како што било случај на претходните претседателски избори во 2019 година.