Гувернерот на сојузната држава Оахака, Алехандро Мурат изјави дека повеќе од 40 000 луѓе се погодени од ураганот, главно долж брегот
Најмалку 11 лица загинаа, а 33 се водат како исчезнати за време на ураганот Агата во јужниот дел на Мексико, каде што невремето предизвика поплави и лизгање на земјиштето.
Од кога се води евиденција за вакви природни непогоди, Агата е најсилниот ураган што стигна до копното во источниот дел на Пацификот.
Ураганот стигна до копното во ретко населена област во понеделникот попладне, со ветер од 170 километри на час.
Гувернерот на сојузната држава Оахака, Алехандро Мурат изјави дека повеќе од 40 000 луѓе се погодени од ураганот, главно долж брегот.






Додека државата Оахака продолжува да ги бара исчезнатите и да ги расчистува паднатите дрвја и поплавените домови, мексиканските власти гледаат уште една голема бура која се подготвува долж карипскиот брег на полуостровот Јукатан.
Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор изјави дека министерот за одбрана Луис Крешенсио Сандовал ќе оди во Оахака за да ги надгледува операциите за расчистување.