Во вода до половина, пожарникарите во раце ги изнесуваа децата едно по едно од градинката што беше поплавена во денешното невреме во Словенија
Драматични фотографии и видеоснимки денеска кружат на социјалните мрежи од невремето и поплавите што ја зафатија Словенија.
Едни од сцените кои предизвикуваат најмногу реакции на социјалните мрежи доаѓа од градот Менгеш во Горењска област, каде од градинка беа евакуирани 22 деца.
Доброволното пожарникарно здружение на социјалните мрежи објави фотографии во кои се гледа како пожарникарите во вода до половина во раце ги изнесуваат дечињата од градинка.
„Ги известуваме родителите од градинката ’Гобица‘ дека успешно ги евакуиравме сите 22 деца“,
пишува во објавата со фотографиите.
Во продолжение погледнете ја фотогалеријата.







