Покрај припадниците на Армијата, во Турција се упатија противпожарни и спасувачки екипи од повеќе градови во земјава за да помогнат по катастрофалните земјотреси од понеделникот.
Меѓу екипите кои веќе работат на терен и помагаат во расчистување на урнатините и извлекување на повредени и жртви, се и припадници на скопската Противпожарна единица. Тие се распоредени на терен во Газиантеп.
„Екипите на Противпожарната единица на градот Скопје се веќе на терен во Газиантеп заедно со останатите спасувачки тимови. Градот Скопје испрати интервентна екипа за помош при спасувачката мисија во Турција, а од градскиот буџет издвоивме шест милиони денари кои ќе бидат испратени преку Црвениот Крст на Македонија во хуманитарни цели за справување со последиците од катастрофалниот земјотрес во Турција и во Сирија. Остануваме во комуникација со локалните власти од Турција, подготвени да помогнеме во секое време согласно нивните потреби. Скопје памети“,
велат од Град Скопје.
Во продолжение погледнете ја фотогалеријата:






