Вечерва повторно во 21 часот полициските екипи се распоредени на пунктови низ целата држава и го почнуваат полицискиот час.
Екипата на „360 степени“ го регистрираше тргнувањето на екипите од полициската станица Беко во центарот на Скопје. Сите службеници се со маски и ракавици и на терен ќе бидат до пет часот наутро.
Полицискиот час прв пат беше воведен на 22 март како превенција за ширењето на коронавирусот.
Со одлука на Владата тој е зголемен за време на викендите кога забрана за движење ќе има од 16 до 5 часот наутро.
Ограничувања на движењето има и преку ден, односно старите лица над 67 години можат да излегуваат само до 11 часот, а младите до 18 години имаат право на движење од 12 до 21 часот.