Оркански ветрови синоќа го зафатија централното далматинско подрачје, предизвикувајќи огромни бранови кои на отворено море биле и со височина и до шест метри, додека во крајбрежниот дел биле меѓу два и три метри, објавија хрватските медиуми.
Метеоролошката станица на Марјан регистрирала многу силни удари на ветрот во подрачјето на Сплит во текот на неколку часа, соопшти сплитскиот Хидрометеоролошки завод.
Поради лошите временски услови во прекин се повеќе траектни линии на Јадранското Море, соопшти утрово Хрватскиот автоклуб.