Целосно изгорен автобус, делови од возилото расфрлени по коловозот, противпожарни возила, крим-техничари, полицајци – е сликата од местото на трагедијата на автопатот „Струма“ во Бугарија во која загинаа најмалку 45 лица кои се превезувале во автобус со македонски регистрации.
Трагедијата се случи околу 2 часот утрово, кога автобусот удрил во заштитната ограда и се запалил. Меѓу загинатите наши државјани има и 12 деца. Преживеаја седум од патниците – едно 17-годишно девојче и пет полнолетни лица.
Кон Бугарија се упатија премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи Бујар Османи. Во изјава за МИА, Заев вели дека телефонски разговарал со еден од преживеаните патници и оти станува збор за млади луѓе кои најверојатно се враќале од екскурзија. Повеќето се наши државјани, но во автобусот имало и лица од Србија.






