Според последните информации, во Израел има најмалку тројца загинати, додека десетици се повредени, од кои дел во критична состојба
Израелската војска соопшти дека Иран лансирал десетици ракети и дронови во одмаздничките напади, а дел од нив биле пресретнати.
Двете страни разменуваа оган и во текот на ноќта, а експлозии се слушале во Ерусалим и во Тел Авив.
Според последните информации, во Израел има најмалку тројца загинати, додека десетици се повредени, од кои дел во критична состојба.
Иранскиот претставник во ОН, пак, вели дека бројот на жртви од нападите во Иран е 78, а повеќе од 320 се повредени.
Во продолжение, погледнете ги фотографиите од нападите врз Тел Авив и околината.









