Според тамошните медиуми, возачот на автомобилот „рено“ набрзо бил уапсен, а силни полициски сили ги блокирале улиците. Телата на повредените се на улица, додека итната помош се обидува да ги пренесе во локалната болница
Автомобил денеска влета во толпа луѓе пред трговски центар во Берлин, при што загина едно лице, а најмалку десет се повредени.
Според тамошните медиуми, возачот на автомобилот „рено“ набрзо бил уапсен, а силни полициски сили ги блокирале улиците. Телата на повредените се на улица, додека итната помош се обидува да ги пренесе во локалната болница.
Според првите информации од полицијата, инцидентот се случил во средата наутро на Брајтшајдплац во близина на спомен-црквата.
Повеќе детали ќе бидат познати откако полицијата ќе излезе со официјално соопштение, а на фотографиите од местото на настанот се гледаат уништени маси и клупи пред трговскиот центар.





На потресната сцена посведочил американскиот актер Џон Бауман, кој видеото го сподели на Твитер.
„Мислам дека бевме сведоци на терористички напад овде во Берлин, но не сме сигурни. Има многу луѓе, телата се насекаде, видовме автомобил кој тргна по патот и заврши во излог кој покрива три градски блока. Тоа е страшно“,
напиша актерот.
News media pic.twitter.com/tyEHyCmCwK
— John Barrowman MBE (@JohnBarrowman) June 8, 2022