Макети на згради на повеќе локации низ општината поставија кандидатите од независната советничка листа
Независната советничка листа во Општина Центар, предводена од Јана Белчева-Андреевска, „Шанса за Центар“, постави макети на згради на повеќе локации низ општината и порачаа дека во скопски Центар е достигнат, како што велат, инвеститорскиот идеал.
„Тоа е, во Центар е достигнат инвеститорскиот идеал. Згради почнаа да растат и во саксии. Сега ги има и во собни димензии“,
стои во објавата на фејсбук-страницата на „Шанса за Центар“.







*ПОВРЗАНА ВЕСТ: (ВИДЕО) Шанса за Центар на Денот на независноста ја поднесе кандидатска листа
„Шанса за Центар“, во својата програма, меѓу другото, се залага и за „градски простор по мерка на жителите“.
- Избалансиран развој, односно „стабилизирање/консолидирање“ на градски четврти што веќе се целосно изградени, а градење во оние градски четврти во кои има стагнација и лоша физичка кондиција на просторот.
- Секое соседство да е обезбедено со сѐ што им треба на граѓаните: живеење, снабдување и услужување, згрижување и образование, култура, рекреација и спортување, одморање и дружење, фрлање отпад, паркирање, шетање миленичиња и сл. (сѐ што ни треба е на 5-10-15 минути или 200-400-800 м).
- Градски простор што ќе понуди квалитет наместо квантитет, со содржини и атрактивност за секој граѓанин и корисник на просторот.
- Зголемена безбедност за објектите во кои се живее и се престојува, како и за отворените јавни простори, со лесна достапност за противпожарни и амбулантни возила.
- Олеснето и безбедно движење низ градскиот простор, со приоритет на пешаците и велосипедистите, а потоа јавниот транспорт и автомобилите, со отстранување на сите физички бариери што му пречат на безбедното движење на секој човек.