МИА објави дека вечерашната прослава била со скратена програма поради строгите ковид – протоколите пропишани од УЕФА, кои не дозволуваат групирање на фудбалерите со луѓе надвор од тимот, поради што насобраните ги поздравија неколкумина репрезентативци, придружувани од селекторот Благоја Милевски
Неколку илјади навивачи се собраа вечерва на централниот скопски плоштад „Македонија“ за да и ја честитаат на македонската фудбалска репрезентација големата победа над европскиот првак Италија и пласманот во финалето од мундијалскиот бараж.
Тие пристигнаа со автобус каде беа поздравени од присутните, а полицијата го одржуваше редот.
МИА објави дека вечерашната прослава била со скратена програма поради строгите ковид – протоколите пропишани од УЕФА, кои не дозволуваат групирање на фудбалерите со луѓе надвор од тимот, поради што насобраните ги поздравија неколкумина репрезентативци, придружувани од селекторот Благоја Милевски.
Тука се обрати капитенот Стефан Ристовски, најавувајќи беспоштедна борба и во вторник против Португалија, против последниот противник на патот до историски пласман на Светско првенство.
„Пред нас имаме уште еден натпревар. Сакаме да ви ветиме дека ќе го дадеме својот максимум, како што го дадовме и вчера“,
порача македонскиот капитен.
Како изгледаше атмосферата вечерва може да видите од фотографиите на државната агенција МИА.











Фудбалерите доцна попладнево пристигнаа на скопскиот аеродром.
Македонската фудбалска репрезентација в недела треба да замине за Порто, каде во вторник од 20:45 часот ја очекува финалето во мундијалскиот бараж против Португалија на стадионот „Драгао“, чиј капацитет од 48.000 гледачи, според најавите, ќе биде распродаден.